Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Април 2019

Ветеринарно – медицински препарати - Закон

Законот за ветеринарно – медицински препарати (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/10, 136/11, 149/15, 53/16 и 241/18) ги уредува условите и постапките за одобрување за ставање во промет, производство, увоз, поседување, промет, употреба и контрола на ветеринарно-медицинските препарати. Законот во целост е усогласен со ЕУ законодавството односно во најголем дел со Директивата 2001/82/ЕК на Европскиот Парламент и на Советот од 6 Ноември 2001 година за Кодекс во однос на ветеринарно- медицинските препарати на Заедницата.

Генетски модифицирана храна за животни

Генетски модифициран организам (ГМО) е организам, притоа не земајќи ги предвид човечките суштества, во кои генетскиот материјал е изменет на начин на кој не се појавува при природниот пат на размножување и/или со природна рекомбинација.
Генетски модифицирана храна за животни (ГМ храна за животни) е храна за животни која содржи или се состои или е произведена од ГМО.

Медицирана храна за животни

Медицираната храна за животни може да се произведува единствено само од одобрени ветеринарно-медицински премикси кои се одобрени во согласност со прописите за ветеринарно-медицински препарати.

Храна за животни наменета за посебни нутритивни цели

Храната за животни за посебни нутритивни цели може да се стави во промет единствено доколку нејзината намена е наведена во Правилникот за општите и посебни услови за составување листа на храна за животни за посебни нутритивни цели во исхраната и ги исполнува условите за карактеристиките пропишани во таа листа, а особено во однос на пакувањето, контејнерот и етикетата.

Правилник за општи и посебни барања за безбедност на храната за животни (Службен весник на РМ бр. 149/12 и 53/13) [врска].

Адитиви за храна за животни

Адитивите за храна за животни во зависност од нивните функции и својства, може да припаѓаат на една или повеќе од следниве категории:

Листа на суровини на храна за животни

Заради подобрување на обележувањето на суровините за храната за животни и крмните смеси и олеснување на процесот на размена на податоци кои се однесуваат на својствата на производот се користи Листата на суровини за храна за животни.


Операторите со храна за животни ја користат Листата на доброволна основа. Меѓутоа, името на суровината за храна за животни која се наоѓа на Листата може да се користи доколку е во согласност со описот даден во Листата.

Регистрација на правни лица кои вршат дејност – увоз на храна за животни

Правното лице кое сака да врши увоз на храна за животни поднесува барање до Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на решение за запишување во регистарот на увозници на храна за животни. На интернет страната на Агенцијата за храна и ветеринaрство http://www.fva.gov.mk во делот Обрасци под реден број 17 објавено е Барањето за регистрација на увозници на храна зa животни кое се пополнува од страна на одговорното или овластеното лице во правното лице и се заверува со негов потпис и печат на правното лице.

Одобрување на операторите со храна за животни и објектите за производство, обработка и манипулација со храна за животни

Операторите со храна за животни поднесуваат барање за добивање одобрение за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни. На интернет страна на Агенцијата за храна и ветеринрство, во делот Обрасци [врска] под реден број 18 објавено е Барањето за одобрување за оператор со храна за животни и објект за производство, обработка и манипулација со храна за животни кое се пополнува од страна на одговорното или овластеното лице во правното лице и се заверува со негов потпис и печат на правното лице.

Регистрација на објект и оператор со храна за животни

Операторите со храна за животни треба да поднесат барање до Агенцијата за храна и ветеринарство за добивање на решение за запишување во регистарот на регистрирани оператори со храна за животни и објекти во кои се врши производство, преработка, складирање, транспорт и дистрибуција на храна за животни. Агенцијата за храна и ветеринарство издава Решение за запишување во регистарот на регистрирани објекти и оператори со храна за животни за следните активности: