Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одобрување на ВМП

Со примена на одредбите од  Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат, како и општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно-медицинскиот препарат за ставање во промет (“Службен весник на Република Северна Македонија бр.25/13 и 34/15” [врска] )  се пропишуваат:

-формата и содржината на образецот на барањето за издавање на одобрение за ставање во промет на ветеринарно-медицински препарат,
-општите и посебните услови кои треба да ги исполни ветеринарно- медицинскиот препарат за ставање во промет.

Со стапување на сила на овој Правилникот и централизирање на постапката за одобрување на ветеринарно медицинските препарати на ниво на Агенцијата за храна и ветеринарство целата постапка за регистрација се одвива на принципот на едношалтерски систем преку Агенцијата за храна и ветеринарство која во рамките на своите надлежности ја координира процедурата за регистрација на ВМП со сите надлежни институции вклучени во постапката.  
ВМП се ставаат во промет и употреба во Р.С.Македонија само доколку се одобрени од страна на АХВ. Целокупната постапка трае 210 дена од денот на поднесување на уредно барање, несметајќи го времето потребно за достава на корегирана или дополнителна документација на барање на АХВ. 

Постапка за одобрување на ВМП:

  1. Производителот на ВМП или негов застапник во РСМ. поднесува барање за одобрување на ВМП со соодветната пропратна документација наведена во правилникот. 
  2. Комплетната документација се поднесува до одделението за ВМП каде истата се евалуира и се изработува извештај за оцена на ВМП и решение за одобрување на ставање во промет на ВМП во РСМ.
  3. Решението за одобрение за ставање во промет, со упатството за употреба на ВМП го издава АХВ. Решението има рок на важност од пет години.

Законот и правилниците за ВМП можете да ги превземете на следнава [врска].