Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА ја проширува својата лингвистичка разновидност

07.12.2022
ЕФСА ја проширува својата лингвистичка разновидност

ЕФСА ја проширува својата лингвистичка разновидност нудејќи ги своите онлајн комуникации на уште 14 европски јазици: бугарски, хрватски, чешки, дански, естонски, фински, унгарски, ирски, латвиски, литвански, малтешки, романски, словачки и словенечки. Веб-страната на ЕФСА сега е достапна на сите 24 официјални јазици на Европската унија

Оваа нова пресвртница ја означува кулминацијата на амбициозниот проект за постепено воведување на целосна мултијазичност на ЕУ-24 во веб-комуникациите на ЕФСА. Проектот првично беше замислен како одговор на воведувањето на европската регулатива за транспарентност, која ја повикува ЕФСА да биде што е можно подостапна и инклузивна кога им ги пренесува ризиците поврзани со храната на граѓаните на ЕУ.

Значајниот напредок во технологиите што се користат за обезбедување на преведувачки услуги како што се вештачката интелигенција и автоматизираниот невронски превод и дадоа на ЕФСА можност да го прошири опсегот на своите преведувачки процеси. ЕФСА одлучи да ја интегрира алатката за машинско преведување на Европската комисија “eTranslation” во својата веб-страна за да ја направи својата дигитална содржина достапна за повеќе европски граѓани и засегнати страни.

 

Повеќе информации за Што е “eTranslation”, Машински превод, Како сето тоа функционира во пракса?, може да се прочитаат на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/en/news/multilingualism-and-food-safety-efsa-online-communications-now-available-all-24-eu-languages

Ознаки
Категорија