Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Новото истражување на ЕФСА ги вклучува перцепциите за безбедност на храната во ИПА земјите

24.02.2020
Новото истражување на ЕФСА ги вклучува перцепциите за безбедност на храната во ИПА земјите

Новото истражување на ЕФСА ги вклучува перцепциите за безбедност на храната во ИПА земјите.

Евробарометарот на ЕФСА за безбедност на храната продолжува да генерира вредни информации поврзани со ставовите на потрошувачите од пет земји кои го користат инструментот за претпристапна помош (ИПА) и тоа Северна Македонија, Црна Гора, Албанија, Србија и Турција, со што се надополнети резултатите добиени од 28те земји-членки на ЕУ.

Евробарометарот претставува инструмент за испитување на јавното мислење, кој Европската комисија активно го користи за обезбедување информации во однос на актуелни прашања.

„Ми претставува огромно задоволство што, за прв пат, успеавме да ги генерираме овие дополнителни информации од ИПА земјите“, изјави Барбара Галани, раководител на Секторот за комуникација, ангажман и соработка на ЕФСА. „Нашата соработка со земји кои го користат инструментот за претпристапна помош се продлабочува со текот на годините и спроведувањето на ова истражување означува уште една особено важен сегмент во соработката со ИПА земјите“.

Во јули 2019 година, ЕФСА ја спроведе студијата за Евробарометарот разгледувајќи прашања како што се интересот за безбедност на храната, свеста и перцепциите за ризикот, како и довербата во различни извори на информации, и подолу се прикажани резултатите од компаративната анализа направена со граѓаните на Европската унија и граѓаните на Република Северна Македонија.

Согласно студијата, во 2019 година потрошувачите во Република Северна Македонија при избор на прехранбени намирници најважно им било дали постои ризик од конзумирањето на одредени производи, на второ место е потеклото на прехранбениот производ, а согласно истата студија потрошувачите најмалку внимание посветувале дали избраниот прехранбен производ е во согласност со нивната етика и верувања, на пример во однос на религијата, благосостојбата на животните или грижа за животната средина.

 

efsa1

 

Кога станува збор за начините на информирање во однос на ризиците од храната, граѓаните на најмногу се информираат од телевизијата, потоа во разговор со семејството и пријателите, а најмалку информации добиваат од радио програмите.

 

efsa2

 

Според резултатите од студијата, граѓаните во Република Северна Македонија, кога станува збор за избор на прехранбени производи најзагрижени се за труења со храна поради присуство на бактерии и болести кај животните, остатоци од пестициди и хигиена на храна, а најмалку внимание обрнуваат на болестите кај растенијата и загадувачите на средината во рибата, месото или производите од месо.

 

efsa3

 

Од резултатите добиени со ова истражување се добива увид во мислењето и трендовите кои владеат кај потрошувачите во Република Северна Македонија и претставуваат солидна основа за креирање на понатамошните стратегии и комуникации во областа на безбедност на храната.

Ознаки
Категорија