Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Претставници од комерцијалните одгледувалишта на свињи и официјални ветеринари вчера беа дел од работилницата „Програма за мониторинг и надзор на високо заразни болести кај свињите, биосигурносни мерки и категоризација на одгледувалишта на свињи“, која се одржа во Скопје како трета работилница во рамки на твининг проектот МК 12 IPA AG 01 2016 за јакнење на капацитетите во Агенцијата за храна и ветеринарство, во делот на здравствена заштита на животните.
Воспоставување на соработка на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу македонските и операторите со храна од Република Ирска, во насока на позиционирање на идната економска соработка за која постои интерес да се воспостави и интензивира од страна на двете земји.
Агенцијата за храна и ветеринарство од 17 до 20 Април 2018 годна во Охрид беше домаќин на регионалната работилница „Анализа на ризик и воспоставување на чекори на подготвеност за справување со болести кај животните” која ја организира Европската Комисија за контрола на болеста лигавка и шап – ЕуФМД во рамки на компонентата 1.4 наменета за Балканот, од Работниот план на ова институција.
Врз основа на надлежностите од Законот за безбедност на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство, преку контролата на целиот синџир за безбедност на храна по принципот ‘’Од нива до трпеза’’, во кој е вклучено и примарното производство, создаде услови и го отвори европскиот пазар за извоз на конзумни јајца.
Агенцијата за храна и ветеринарство изрече глоби на две компании увозници на брашно за непочитување на изречена забрана за пуштање во промет на храна до добивање на резултати од извршени лабораториски испитувања, односно без решение со кое се одобрува пуштање во промет. Едниот оператор од увезените 50 илјади килограми брашно, непочитувајќи ја изречената забрана од инспекторите за храна, на пазарот пласирал 13.425 килограми брашно увезени од Република Србија.
Агенцијата за храна и ветеринарство почна со реализација на пролетната кампања за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање на вакцинални мамки од аеродромите во Скопје и во Штип.
Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачите на Македонија го издадоа првиот електронски билтен „Потрошувачите и храната“.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, пред Велигденските празници спроведоа вкупно 181 вонредни, засилени контроли, во производството, преработката, дистрибуцијата и продажбата на јајца на македонскиот пазар. Како небезбедни поништени се над 31 илјада јајца.
“Реалниот сектор треба да е двигател на економијата и да ги интегрира интересите на Владата и бизнис заедницата. Неговото зајакнување е генератор на јакнењето на секоја економија. Како институција ориентирани сме кон поддршка на компаниите, создавање на услови за унапредување на бизнис климата и отворање на нови пазари за извоз на македонските производи.
Во рамки на меѓународно дефинираниот концепт Едно Здравје, денес и утре, во Скопје, Агенцијата заа храна и ветеринарство е домаќин на регионалната конференција "Соработка на тема - Едно здравје на ниво на земјите од регионот". Конференцијата се реализира со поддршка на Твининг проектот финансиран од Европската унија - "Понатамошен развој на контролните системи на надлежните органи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата" и на неа се разгледуваат можностите за воспоставување на хармонизиран систем и идентификување на најдобрите практики поврзани со ново-појавените инфективни болести и антимикробната резистенција во земјите од регионот.