Стотина дечиња од три групи од детската градинка „Чекорче” во скопската населба Аеродром, денес беа дел од едукативниот настан на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за промоција на одговорното сопствеништво, која се реализира во рамки на активностите за одбележување на 28 септември, Светски ден на борба против беснило.
Универзитетскиот професор по ветеринарна медицина Пламен Тројачанец од Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје на децата им ги објасни основите на одговорно сопствеништво и како да се грижат на милениците и бездомните животни.
Акцент беше ставен и на исхраната и хигиената на животните, а поделени беа и боенки, брошури и друг едукативен материјал, преку кој дечињата на сликовит ќе се едуцираат за тоа што значи да се биде совесен граѓанин и одговорен сопственик на домашен миленик и какви обврски имаат сопствениците на миленици.