Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Селските домаќинства кои одгледуваат свињи за сопствена употреба, да ги заколат или да ги понудат за откуп на месната индустрија ако немаат воведено или ако биосигурносните мерки им се на многу ниско ниво, апелира и денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) со цел спречување евентуална појава и ширење африканска свинска чума во земјава.
Со цел елиминирање на опасноста и спречување на евентуална појава и ширење на болеста африканска свинска чума во Република Северна Македонија, која во соседна Бугарија и дваесеттина други земји се шири и зема се поголеми размери, од состанокот со Ловечката федерација кој се одржа во Велес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство упати апел и до селските домаќинства кои одгледуваат свињи за сопствена употреба, а каде биосигурносните мерки на фармите се на многу ниско ниво или во најголемиот број случаи воопшто ги нема - свињите да ги заколат или да ги понудат за откуп на месната индустрија.
Бледа телевизиска сапуница е и денешната прес конференција за членот на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Цветан Трипуновски, кој во име на неговата партија, ја обвинува Агенцијата за храна и ветеринарство за нереализирање на мерката вакцинација на добитокот против болеста антракс, која неодамна беше детектирана и на одгледувалиште во Кичевско. 
По официјално потврдување на присуство на болеста африканска свинска чума во реоните на Белград и Смедерево, во соседна Србија, заради заштита од внесување на вирусот на африканска чума кај свињите во Република Северна Македонија, денес, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за забрана за увоз и транзит на домашни и диви свињи, семе, јајца и ембриони од свињи од оваа земја.
Појавата на антракс не е ништо ново, ниту невообичаено. И досега во земјава болеста била регистрирана. Присутна е тука со децении. Нема потреба да се шири паника и да се сее страв кај граѓаните, а уште помалку да се прави сензација, порача на денешната прес конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов. Тој нагласи дека нов случај на антракс кај животните нема, а нема ни заразени луѓе.
Собирање  на ситни политички поени преку злоупотреба  на народот и непотребно кревање на паника е  денешната прес - конференција на Цветан Трипуновски од Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, партија која и овој пат, во недостиг на идеи како да го ,,анимира,, народот, ја манипулира јавноста, непотребно се обидува да влее страв преку лиферување на лажни информации.
Да се најде законско решение за воведување на забрана за чување на свињи на одгледувалишта кои немаат воспоставено соодветни биосигурносни мерки со цел спречување на појава и ширење на болести кај животните, вклучително и на африканската свинска чума, за која алармот за опасност од појава и на институциите и на одгледувачите е дигнат на највисоко ниво.
Иако мерките против африканска свинска чума се на највисоко ниво, не е исклучена можноста од појава на болеста во земјава, заклучија ветеринарите на денешниот координативен состанок. Државата, како што оценија, е максимално подготвена да се справи со ризиците зашто во континуитет постапува согласно меѓународните стандарди и практики.
Улогата на фокалните точки на EFSA е да делуваат како логистичко-административна поддршка помеѓу EFSA и националните надлежни органи за безбедност на храна, истражувачките институции и други инволвирани страни.
Европската агенција за безбедност на храна (EFSA) е институција формирана од страна на Европската унија која работи независно од законодавните и извршните институции на Заедницата (Европска комисија, Совет на Европската унија, Европски Парламент) како и од земјите членки на ЕУ.