Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Повеќе од 3,4 тони храна од животинско и неживотинско потекло била уништена во август годинава како небезбедна, од страна на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) и операторите со храна. Во август биле спроведени вкупно 3.707 инспекциски контроли од кои 2.685 редовни, 294 контролни и 728 вонредни.
Aгенцијата за храна и ветеринарство подготви информација за потрошувачите за безбедно ракување и чување на храната во однос на  бактеријата Listeria monocytogenes. Листериозата е заболување кое е предизвикано од бактеријата Listeria monocytogenes. Иако заболувањето листериозата ретко се јавува, тоа честопати е сериозно, со високи цени на болнички третман и висока смртност.
Во рамки на спроведувањето на превентивните мерки за спречување на појава и ширење на болеста африканска свинска чума, со задолжително земање на мостра од секоја увозна пратка свинско месо, без оглед дали таа потекнува од региони или земји кои се слободни од болеста Африканска свинска чума, Агенцијата за храна и ветеринарство детектира присуство на  вирусот на оваа болест во замрзнато свинско месо по потекло од Шпанија.
Во соработка со науката и невладиниот сектор, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе подготви подзаконски акт со кој ќе го уреди пласманот на пазарот и на мали количини производи од неживотинско потекло, како што се разни слатка, мармелади и преработки од зеленчук.
Во финална фаза е категоризирањето на краварските фарми, активност која Агенцијата за храна и ветеринарство ја почна минатата година, а со која се опфатени 5.747 краварски фарми кои предаваат млеко во преработувачките капацитети.
Првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство и бугарскиот Центар за проценка на ризик во синџирот на исхрана, Зоран Атанасов и Георги Георгиев, денес потпишаа меморандум за соработка меѓу двете институции.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од денес ја прекинува вакцинацијата на свињите против болеста класична свинска чума, како дел од сетот превентивни активности, кои ги презеде во изминативе две години, со цел создавање услови за добивање на дозвола за извоз на домашно свежо свинско месо на европскиот и светскиот пазар, каде расте и побарувачката и цената на овој тип месо.
Поднесена кривична пријава против сопственикот на сопственикот на ресторанот „Мир“ во прилепското село Ораовец кој е лоциран на вештачкото езеро.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и годинава се вклучи во глобалното одбележување на Светскиот ден на борба против беснило - 28 септември.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство на 20.09.2019 година во Гевгелија, спроведоа вонредна  контрола кај 5 оператори со храна – 4 маркети и 1 месарница.