Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ:
Вид на производ: Путер со ознака Bitolski Puter Gurman (во пакување од 0,5 до 1 кг)
Причина за отповикување:Произведен во објект кој не е одобрен од Агенција за храна и ветеринарство, без надзор и контрола, без идентификациска ознака и без наведен производител.
Дистрибутер: “Тобако Трејд Гостивар” преку “КИППЕР Маркет ДОО”
Поради тоа што производот може да биде дистрибуиран и преку други маркети, се известуваат потрошувачите доколку го имаат купено овој вид на производ, истиот да не го консумираат, да го вратат на местото од каде го купиле и за тоа да ја известат Агенцијата за храна и ветеринарство преку info@fva.gov.mk