Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Новото најавено зголемување на дневните температури, кои според метеоролозите во одредени региони ќе надминат 40 степени Целзиусови, ги зголемуваат ризиците од појава на труење со храна. Високите температури претставуваат потенцијална опасност и за здравјето на животните доколку за нив, навреме не се преземат мерки за обезбедување на доволни количини безбедна храна и вода за пиење.
АХВ спроведе вонредна инспекциска контрола во зоолошката градина во Скопје, месото од закланите коњи ќе се уништи
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера попладне спроведоа вонреден инспекциски надзор во ЈУ Зоолошка градина на Град Скопје, по добиената информација од Министерството за внатрешни работи (МВР) и медиумите дека таму нелегално се заклани десеттина коњи, чие месо ќе се користи за исхрана на дивите животни.
Дијалози за дисеминација на знаење за АМО
Во организација на работната група на ФАО за антимикробна отпорност (АМО) со релевантните технички мрежи на ФАО, секој втор четврток во месецот, од 12:30-13:30 по средноевропско време се одржуваат серија месечни вебинари чија цел е информирање на учесниците за одредени научни и технички теми поврзани со антимикробната отпорност (АМО).