Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Република Албанија
Груба невистина анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното
здравје поради наводниот нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати по потекло од соседна Албанија. Според анонимниот загрижен автор на
пораката, наводно станува збор на домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди ...
Одржан координативен состанок за предлог законот за донирање вишоци храна
Денес во Дојран, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за
земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, учествуваше на
координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.
Интервју на директорот на АХВ за Слободна ТВ
Многу фирми по социјални мрежи се декларираат дека нудат дресури на кучиња и имаат вработено лиценцирани дресери. По трагедијата во Пинтија со смртен исход кога куче нападна дете одговор за ова прашање побаравме од Агенцијата за храна. Дали Македонија има професија лиценциран дресер одговори Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.