До овој момент Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) нема добиено нотификација преку Системот за брзо известување за небезбедни производи на Европската унија (RASSF), дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден про
Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано спроведува едукативни активности насочени кон подигање на свеста кај младата популација за важноста од правилни прехранбени навики и заштита на здравјето. Државните советници Радмила Ј.
Парични казни од над 19 илјади евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на спроведените 1221 вонредни контроли кои беа спроведени пред Велигденските празници.
Како контакт точка на Агенција за безбедност на храната на Европската унија (EFSA), Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) повторно е дел од кампања Safe2Eat насочена кон зголемување на довербата на потрошувачите за безбедноста на храната, во Европската унија (ЕУ) и кај нас.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) др Оливер Миланов, денес во Белград, Република Србија, учествува на првиот состанок на проектот „Контрола на Aфриканска чума кај свињите: од теорија до пракса“
По добиено известување од полициски службеници дека при рутинска контрола на патничко моторно возило откриле значително количество кондиторски производи со поминат рок, иснепкциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) презедоа дејствија за откривање на потеклото на истите.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со спроведување на циклус обуки за едукација на потрошувачите за безбедноста на храната. Во петокот, во скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин, педесеттина ученици од трета и четврта година, присуствуваа на првата едукативна работилница
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Организацијата на Обединети нации (FAO), денес почна со реализација на активностите во рамки на симулациската вежба за болеста чума кај мали преживари, која ќе се одржи од денес до четврток.