Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Промовирани резултатите од твининг проектот за зајакнување на контролните системи за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата

04.07.2018
Зајакнување на пазарната економија и конкурентноста на македонските производи на европскиот пазар, но и гарантирање на заштитата на правата на потрошувачите преку обезбедување на високи стандарди за безбедност на храната, се дел од придобивките постигнати со реализација на активностите од проектот “Понатамошно развивање на контролните системи на надлежните институции за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата”, чија реализација беше промовирана денес.

Нема небезбедно пилешко месо на македонскиот пазар

03.07.2018
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Северна Македонија.

Од вкупно увезените 14.010.681 килограми пилешко месо од Полска, Хрватска, Словенија, Бразил, Бугарија, Германија, Грција и Србија и други земји, оваа година, заклучно со јуни, од Бразил се увезени вкупно 3.391.011 килограми.

Воведени мерки за спречување на ширење на болеста Чума кај мали преживари

02.07.2018
Со цел спречување на внесување, навремено забележување и пријавување на болеста Чума кај мали преживари, која од 22 јуни годинава е потврдена и во соседна Бугарија, а во земјите од регионот присутна е и во Турција, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе Решение за забрана за увоз и транзит на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари во Република Северна Македонија од Република Бугарија како и мерки за брза реакција и успешно справување при евентуална појава на болеста и кај нас.

Објавен оглас за избор на надворешни членови во Комисијата за ВМП

02.07.2018
Врз основа на член 6 став (1) и (2) од Законот за ветеринарно – медицински препарати (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 42/10, 136/11, 149/15 и 53/16), Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија објави оглас за прибирање понуди за избор на надворешни членови во Комисијата за ветеринарно медицински препарати.

Одржан вториот состанок на Националниот совет за безбедност на храната

22.06.2018
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседавач и членовите на Националниот совет за безбедност на храната и храната за животни го одржаа вториот состанок на ова тело кое обезбедува научна и техничка поддршка во работата на Агенцијата. На состанокот беа разгледани три актуелни теми во европски и светски рамки – има или не и колкав е ризикот од употребата на инсектицидот Фипринил, секогаш актуелната тема за ГМО храната, за која науката, институциите и бизнис секторот треба да отворат широка дебата, како и темата која од година во година станува се поактуелна, а која непосредно се однесува и ги засега и луѓето и животните – антимикробната резистентност.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA