Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации - ФАО, од денеска до 6 декември во Струмица се одржува Симулациска вежба за лигавка и шап. Како што информира на отворањето на вежбата директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, болеста одамна не присутна кај нас, но и покарј тоа континуирано се преземаат мерки за тесирање на системот на подготвеност во справувањето со оваа болест која евисокоинфективна, брзо се шири и предизвикува огромни штети во сточарството.
-За спроведувањето на Симулациската вежба на Агенцијата и Еу ФМД информирана е и Светската организација за здравствена заштита на животните и Европската комисија. Последниот евидентиран случај на оваа болест во Република Македонијха е во 1995 година. Бидејќи е високопатогена, оваа болест има приоритет во светски рамки. Вброена е на листата на топ десет болести за кои треба да се прават планови за итни мерки. Затоа како институција се одлучивме заедно со Европската Комисија за борба против лигавка и шап да земее учество во таканаречената Патека на подготвеност, во која и Република Северна Македонија е една од пилот земјите каде се спроведуваат вакви симулациони вежби. Целта на вежбата е проверка на нашиот палн за итни мерки за справување со оваа болест со цел да утврдиме дали има и каде се недостаоците и да направиме корекции на истите, со цел обезбедување на висок степен на заштита од ширење на болеста при евентуална најзина појава, рече Атанансов.
Во регионот болеста е присутна во Турција. Атанансов објасни дека врз основа на склучен трипартитен договор, се прават скрининг методи во рамки на посебно дизајнирана програма која се спроведува во регионот на Туција, Грција и Бугарија и има за цел евентуарно рано откривање на болеста и спречување на нејзино ширење во регионот.
Ефикасната контрола и искоренувањето на болеста при нејзина појава е од клучно значење за да се обезбеди и спречи нејзиното понатамошното ширење и предизвикувањето на економски загуби. Ова, додаде тој, зависи од подготвеноста за нашата институција во спроведувањето на брз и ефикасен одговор, за превенирање, сузбивање и искоренување на болеста Лигавка и шап.
-Изминативе неколку месеци ЕуФМД и Агенцијата за храна и ветеринарство активно работеа на подготовка на оваа симулациска вежба која има за цел тестирање на воспоставените процедури и плановите за итни мерки за справување со оваа болест. Покрај теоретскиот дел од вежбата, ќе се спрооведе и практичен дел од обуката директно на фарма. Во текот на вежбата, непосредо вклучените лица во спроведувањето на плановите за итни мерки за справивање со Лигавка и шап, ќе имаат можност да го подобрат своето теоретски и практично знаење во борбата со оваа болест – рече Даниел Донакеј, одговорен за здравствена заштита на животните во Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД).
Учесници на вежбата ќе бидат претставници од Секторот за инспекциски надзор, официјални ветеринари, претставници од секторот за здравствена заштита и благосостојба на животните, претставници од национална лабораторија при ФВМ, претставници од македонската ветеринарна комора и ветеринарните друштва.