Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности
Одржан стручен состанок за превенција од појава на болеста Чума кај малите преживари
Координирана акција во однос на воспоставување на мерки за спречување на појава и ширење на болеста Чума кај малите преживари, размена на информации и планирање на активностите преку интерактивно поврзување на сите чинители, почнувајќи од примарните производители, ветеринарните друштва, науката и институциите на системот, се клуч за успешна превенција и заштита од појава на оваа, за овците и козите исклучително опасна заразна болест
АХВ донесе Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај малите преживари
Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради неповолната епидемиолошка состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест.