Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Реакција на АХВ за Фб објавата на градоначалникот Костадинов за водата во Струмица

02.07.2025
Агенција за храна и ветеринарство

Дрско и безобразно лаже и ја манипулира јавноста единствено првиот човек на Општина Струмица, Костадин Костадинов, во вчера објавениот ФБ статус во кој свесно ја клевети Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) дека предизвикувала страв и паника кај Струмичани, прогласувајќи ја за небезбедна водата за пиење.

Едно свесно “заборави” да каже струмичкиот градоначалник за судската одлука чиј дел јавно објави, а тоа е дека таа воопшто не се однесува на проблемот со водоснабдувањето во градот Струмица од септември и октомври минатата година, кога поради небезбедност беше забранета за употреба водата од градскиот водснабдителен систем со кој стопанисува јавното комунално претпријатие Комуналец Струмица.

Вистината која свесно ја скри струмичкиот градоначалник е дека судската одлука се однесува на обврската која ја има како прв човек на Општината да стопанисува со селската водоводна мрежа, со конкретната судска одлука, во селата Рич, Попчево, Белотино, Костирино и Вељуса. 

АХВ е професионална и сериозна институција која навреме реагираше на негрижата и противзаконското постапување на Костадинов и Општина Струмица како исклучително надлежни за стопанисување со водоводната селска мрежа во овие села за кои требаше да обезбеди вода за жителите и истата да ја дезинфицира, а тоа не го стори, ниту во 2023, ниту во почетокот на 2024 година. 

Тогаш од страна на надлежниот инспектор по спроведениот вонреден инспекциски надзор по добиеното известување од спроведената Мониторинг програма на безбедноста на водата од Центарот за јавно здравје – Струмица, на 09.02.2024 година беше издадено решение за забрана за употреба на водата за пиење во овие 5 села поради отсуство на резидуален хлор во водата (неизвршено дезинфицирање на водата). 

На операторот Општина Струмица со решението наредено и е да ја забрани водата за пиење во водоснабдителните објекти, водоводна мрежа во овие села, да се стави натпис со предупредување на жителите дека водата не е за пиење поради отсуство на резидуален хлор и да се изврши здолжително хлорирање на водата. По нареденото со ова решение Костадинов и Општина Струмица немаат постапено, по што АХВ како одговорна институција, на 26.02.2024 година, до Основниот суд во Струмица, поднела барање за поведување на прекршочна постапка. 

АХВ нема да ја коментира судската одлука, но, Градоначалникот на Општина Струмица за кој изборната кампања за локалните избори очигледно е предвреме почната, мора да биде одговорен пред сопствените граѓани и гласачи. Да престане да ги лаже и манипулира како што тоа го направи во овој случај, а на жителите од селата Рич, Попчево, Белотино, Костурино и Вељуса чесно да им каже зошто минатата и предминатата година, како што стои и во одлуката на судот, ништо не презел за да им обзебедни питка, безбедна и согласно законските прописи, дезинфицирана вода за пиење.

 

 

Ознаки
Категорија