Процедури за безбедно земање, пакување, означување и транспорт на примероци, вклучително и изготвување на пропратна документација, благосостојба на животните при зашеметување, колење и убивање, методи за зашеметување и убивање и опрема што се користи за зашеметување и убивање се дел од темите на тренинг работилниците кои во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера и завчера се одржа во Тетово и во Дебар.
Oд 25 до 27 јуни 2025 година во Скопје се одржа национална обука и симулациска вежба за биобезбедност и биосигурност, организирана од Министерството за надворешни работи и трговија, Агенцијата за храна и ветеринарство и Институтот за јавно здравје
АХВ донесе Решение за забрана за увоз и транзит во Република Северна Македонија и од Република Косово, на живи домашни и диви мали преживари, семе, јајце клетки и емброни од домашни и диви мали преживари, месо од домашни и диви мали праживари, производи и преработки од месо од домашни и диви мали преживари, млеко и производи од млеко од домашни и диви мали преживари, како и нуспроизводи од домашни и диви мали преживари
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжи со спроведување на нов циклус работилници за запознавање на одгледувачите на овци и кози со ризиците и начините на внесување на болеста чума кај малите преживари, која од неодамна е потврдена и во соседна Бугарија.
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 10 до 13 декември 2024 година во Скопје се одржа Експертска мисија за Принципи на хармонизација на ЕУ легислативата со националното законодавство во однос на ветеринарно медицински препарати.
По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци ( тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок.
Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство почнува со спроведување на засилени, вонредни контроли кај операторите со храна. Со цел заштита на здравјето на најмладата популација потрошувачи – децата
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и неделава, покрај редовни, продолжија со спроведување на вонредни инспекциски контроли.