Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Современо водење и управување на службите за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, како и изготвување на голем број имплементивни документи, прирачници и контролни листови за подобрување и унифицирање на работата на инспекциските служби се дел од спроведените активности од проектот „Јакнење на институционалните капацитети за безбедност на храната и фитосанитарната политика“.
Сопствениците на зајаци, глувци и глодари да пријават сомнеж за туларемија кај надлежниот ветеринар
Првите симптоми кај луѓето кои вообичаено настапуваат за 3 – 5 дена се ненадејна треска и грозница, отечени и болни жлезди, главоболка, повраќање и дијареа, болки во мускулите и зглобовите, сува кашлица, малаксаност. Може да се јават и рани по кожата и устата, воспалено грло, отеченост и болка на очите или на жлездите на вратот како и под пазувните жлезди.
Мигрантите добиваат безбедна хуманитарна помош во храна
Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана, секојдневна комуникација и координација со Центарот за управување со кризи и ресорните министерства за здравство, за внатрешни и надворешни работи, со Царинската управа на Македонија и другите надлежни институции, како и со невладините организации вклучени во давање помош и делење на хуманитарна помош во храна за мигрантите.
Презентирани првичните оценки од контролите на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација
Еден од приоритетите на државата е максимално искористување на капацитетите и воспоставување на фарми со доволен број добиток со цел да се обезбедат потребите на месната и млечната индустрија кои ќе ги исполнат условите за извоз на рускиот пазар. Обезбедувањето домашна суровина за месната индустрија, ќе се развива етапно, со цел да се задоволат потребите на домашниот пазар и да се произведат доволни количини и за извоз – потенцира тој.