Нема небезбедно пилешко месо на македонскиот пазар
Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација за пласирано небезбедно пилешко месо по потекло од Бразил во Република Северна Македонија.
Од вкупно увезените 14.010.681 килограми пилешко месо од Полска, Хрватска, Словенија, Бразил, Бугарија, Германија, Грција и Србија и други земји, оваа година, заклучно со јуни, од Бразил се увезени вкупно 3.391.011 килограми.