Информација за безбедно ракување и чување на храната во однос на бактеријата Listeria monocytogenes
Aгенцијата за храна и ветеринарство подготви информација за потрошувачите за безбедно ракување и чување на храната во однос на бактеријата Listeria monocytogenes. Листериозата е заболување кое е предизвикано од бактеријата Listeria monocytogenes. Иако заболувањето листериозата ретко се јавува, тоа честопати е сериозно, со високи цени на болнички третман и висока смртност.