Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА објави извештај од работната група за собирање и моделирање податоци

09.10.2020
ЕФСА објави извештај од работната група за собирање и моделирање податоци

Во февруари 2019 година Европската агенција за безбедност на храна донесе одлука за формирање работна група за прашања поврзани со собирање и моделирање податоци. За членови на работната група беа назначени членови на Советодавниот форум на ЕФСА (или нивни претставници), а истата беше предводена од страна на претставниците од Унгарија.

Целта на формирање на оваа работна група е да се обезбедат стратешки препораки за ЕФСА, за Европската комисија и земјите членки во однос на податоци поврзани со безбедност во ланецот на исхрана, управувањето со тие податоци и нивната употреба.

Од аспект на конкретни активности, членовите на работната група имаа обврска да ги разгледаат, од стратешка перспектива, процесите на собирање и известување на податоците, моделот на податоци и ИТ-инфраструктурата што се користи при споделување на податоците помеѓу службениците кои ги обезбедуваат податоците и ЕФСА и да се формулираат конкретни препораки. 

Во септември 2020 година ЕФСА објави конечен извештај кој заедно со препораките се резултат на дискусиите на 14 состаноци во периодот од септември 2018 до јули 2020 година. 

Исходот од дискусиите за време на состаноците на работната група е презентиран во овој извештај согласно идентификуваните приоритети поврзани со податоците: собирање и репортирање на податоци, моделирање на податоците, ИТ архитектура и анализа на податоците. Предметот на уредување на извештајот има технички карактер, но спроведувањето на препораките има потенцијал да придонесе за поголема транспарентност и за поголема доверба во безбедноста на храна на ниво на Европска унија.

Република Северна Македонија е вклучена во процесот на собирање и доставување податоци во ЕФСА уште од 2017 година. Агенцијата за храна и ветеринарство континуирано секоја година собира, обработува и доставува до ЕФСА податоци во однос на: популација на животни; здравствена статус на животните; преваленца; труења со храна; резидуи од пестициди, контаминенти и ветеринарно медицински препарати; антимикробна отпорност; трансмисивни спонгиоформни енцефалопатии.


Целиот текст на извештајот може да се прочита на слениот линк: https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/sp.efsa.2020.EN-1901

Ознаки
Категорија