Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Претставување на генералната замисла и на проектот „Од нива до маса“ како и размена на искустава и идеи беа во фокус на денешната средба помеѓу директорот на Агенција зёа храна и ветеринарство Зоран Атанасов и претставници на меѓународната, не-профитна организација Слоу Фуд (Slow food). Искуствата кажуваат дека странските експерти и професори од областа на здравата храна, земјоделството и технологиите на производство се пријатно изненадени од потенцијалот на домашните производи, особено од автохтоните млечни специјалитети.
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите за отповикување на небезбеден производ ,,златни пластични вилушки,, произведени во Кина,
Подобрување на соработката и овозможување на квалитетни и навремени услуги од страна на ветеринарните друштва кон одгледувачите на добиток и домашните миленици, реализација на активностите на Агенцијата согласно Годишната наредба за здравствена заштита на животните за оваа година, се дел од темите на кои на вчерашниот работен состанок, разговараа првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство, директорот Зоран Атанасов и претседателот на Ветеринарната комора на Република Северна Македонија, Томислав Николовски.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленува
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, пирошки, јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2018, наместо до 15-ти овој месец, ќе се продолжи до 12.06.2018 година. За таа цел Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во координација со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе извршат измени на Уредбата за директни плаќања 2018, која што треба да се донесе на седница на Влада,
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мостри храна при извршениот инспекциски надзор од страна на Агенцијата и Државниот здравствен и санитарен инспекторат во објектот на компанијата ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ Кочани, која подготвувала и доставила храна – пирошки во ресторанот во Штип каде пред десеттина дена беа затруени дваесеттина лица.
Рокот за поднесување на барањата за субвенции за мерките од Програмата за финансиска поддршка во зем
Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од лабораториските испитувања на земените мо
Македонија интензивно работи на добивање дозвола за извоз на свежо свинско месо во ЕУ. Според директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, за околу две години се очекува земјава да биде прогласена за слободна од свинска чума по што и ставена на листата за извоз.

– Почнаа активностите за проценка и зајакнување на биосигурноста на комерцијалните фарми за одгледување свињи.