Европската агенција за безбедност на храна во соработка со Европскиот центар за превенција и контрола на болести објавија заеднички извештај со брза проценка во однос на појавата на Listeria monocytogenes тип 8 во повеќе земји на Европската унија, поврзана со консумирање на производи од лосос.
Извештајот се фокусира на производи од лосос кои се подготвени за конзумирање, како што е ладно-димен и мариниран лосос, кои најверојатно претставуваат извор на Listeria monocytogenes во Данска, Германија и Франција уште од 2015 година.
До 8 октомври 2018 година, 12 случаи вклучувајќи и четири смртни случаи, биле пријавени во засегнатите земји. Европската агенција за безбедност на храна и Европскиот центар за превенција и контрола на болести користеа секвенционирање на цели геноми со цел да ја идентификуваат епидемијата во повеќе земји.
Извештајот е објавен на веб страната на ЕФСА и истиот може во целот да се прочита на следниот линк https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/sp.efsa.2018.EN-1496
Категорија