
Каква е состојбата со болеста африканска чума кај свињите во земјава, кои мерки се преземаат за да се спречи појавата и ширењето на болеста, ги задоволуваме ли моментално потребите од свежо свинско месо од домашно производство?
Ова се дел од прашањата на кои денес директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и Бојан Георгиевски, претседател на здружението на одгледувачи на свињи „Македонско прасе" разговараа во гостувањето во утринска програма на ТВ Сител „Jа сакам Македонија".

Разговорот е реализиран во рамки на кампањата за подигнување на јавната свест за болеста африканска чума кај свињите #StopASF, која во земјава ја спроведува Агенцијата под покровителство на Агенцијата за безбедност на храната на Европската унија - EFSA.