Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Ноември 2019

IPA проект 2012

Со овој проект се предвидува понатамошно зајакнување на институционалните и административните капацитети, вклучително развој на национални надлежни органи во делот на безбедност на храна и добиточна храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.

IPA проект 2010

Со овој проект се предвидува обезбедување на техничка помош за Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот Земјоделски Инспекторат и Фитосанитарна Управа со цел подобрување на нивните капацитети во имплементацијата на ЕУ законодавството, како и обврските од Претпристапното партнерство, со посебен осврт кон подобрување на нивните инспекциски служби, безбедност на храната и храната за животни, контрола на болести кај животните и нивната благосостојба, здравјето на растенијата, производи за заштита на растенијата, контрола на ветеринарно-медицински препарати, зајакнување на контролата при у

IPA проект 2009

Основната цел која треба да се постигне преку проектот (Договор за услуги) во рамките на ИПА 2009 е подобрување на заштитата на здравјето кај луѓето, животните и растенијата преку зајакнување на институционалните капацитети одговорни за системот за безбедност на храна.


Самото подобрување на институционалната рамка за безбедност на храна во Република Македонија ќе се обезбеди преку зајакнување на постоечкиот систем на надлежни органи и институции со цел подобрување на интегрираниот мултидисциплинарен пристап, кој ги покрива сите нивоа на ланецот на храната.

IPA проект 2008

Проектот Јакнење на капацитетите на ветеринарната служба за имплементација на ЕУ acquis се спроведе во период од септември 2010 до декември 2012 година. Самиот проект претставуваше Договор за услуги.

IPA проекти

Инструментот за претпристапна помош (ИПА) нуди помош за земјите вклучени во процесот на пристапување кон Европската унија (ЕУ) за периодот 2007-2013 година. Целта на ИПА е да се подобри ефикасноста и кохерентноста на помошта преку единствена рамка да се зајакне институционалниот капацитет, прекугранична соработка, економскиот и социјалниот развој и руралниот развој, вклучени во пет ИПА компоненти.

Одржан вториот состанок на Управниот Комитет

15.11.2019
Се одржа вториот состанок на Управниот Комитет на проектот ,,Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи“

Презентирани обврските за водење евиденција на добиточните пазари

14.11.2019
Стручни лица од Агенција за храна и ветеринарство, денес одржаа едукативна работилница со одговорните лица на добиточните пазари на која им беа презентирани законските обврски за уредување на пазарите, начините на евидентирање на влезот и излезот на животните во пазарите и внесување на податоците за движење на животните во Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Одржана експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА

14.11.2019
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 11-13 ноември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за собирање на податоци во однос на ЕФСА (European Food Safety Authority)

Привршува кампањата за бесплатно микрочипирање на милениците

14.11.2019
Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците. За оваа намена, АХВ обезбеди 100 илјади микрочипови, како дел од активностите за спроведување на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните.

"Биди неговиот херој” и во Берово

11.11.2019
Со одржување на едукативна работилница за одговорно сопствеништво во петокот, од Берово, почна реализацијата на петтата фаза од регионалната кампања “Биди неговиот херој”. Кампањата со поддршка на Светската организација за здравствена заштита на животните  - ОИЕ, партнерски ја реализираат Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.