Проектот Јакнење на капацитетите на ветеринарната служба за имплементација на ЕУ acquis се спроведе во период од септември 2010 до декември 2012 година. Самиот проект претставуваше Договор за услуги.
Со овој проект се обезбеди поддршка на тогашната Управата за Ветеринарство во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а од 2011 поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство со цел подобрување на капацитетите за имплементација на Европското законодавство и политиките и системите утврдени во ЕУ, со посебен акцент на понатамошно транспонирање на ЕУ Законодавството во националното законодавство, јакнење на инспекциските служби, контрола на болестите кај животните, востановување на систем за управување со и отстранување на отпадот од животинско потекло и воспоставување на систем за идентификација и регистрација на свињите.
За остварување на претходно наведеното, се реализираа следните активности:
- Ревизија на актуелните методи за целосно транспонирање на Европското Законодавство од областа на ветеринарството,безбедност на храната за животни, ветеринарно медицинските препарати и нус производите од животинско потекло;
- Подготовка на детална стратегија и план за имплементација на транспозицијата на истото;
- Воспоставување на систем за управување со човечки ресурси;
- Изработка и имплементација на стратегија, програма и план за обука на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство;
- Изработка на првиот Повекегодишен контролен план за 2012-2016
- Обуки од областа на мониторинг контролни програми за зоонози, процедури во случај на појава на болести предизвикани со храна, мониторинг на резидуи од ветеринарно-медицинските препарати и др.;
- Изработка на план и стратегија за спроведување на орална вакцинација кај дивите свињи против Класична свинска чума и имплементација на истата;
- Интензивирање на вакцинацијата против беснило кај домашните кучиња и мачки;
- Спроведување на вакцинација против беснило кај дивите животни, мониторинг и евалуација на вакциналните кампањи;
- Развој на систем за собирање, преработка, употреба, трговија и нештетно уништување на нус-производите од животинско потекло;
- Изработка на оперативни водичи за здравствените барања во однос на нус-производите од животинско потекло кои не се наменети за човечка исхрана, како и обуки на официјалните ветеринари;
- Изработка на систем за идентификација и регистрација (ИиР) на свињите, мониторинг на резултатите од имплементацијата на системот за ИиР на свињите.