IPA проект 2009

Основната цел која треба да се постигне преку проектот (Договор за услуги) во рамките на ИПА 2009 е подобрување на заштитата на здравјето кај луѓето, животните и растенијата преку зајакнување на институционалните капацитети одговорни за системот за безбедност на храна.


Самото подобрување на институционалната рамка за безбедност на храна во Република Македонија ќе се обезбеди преку зајакнување на постоечкиот систем на надлежни органи и институции со цел подобрување на интегрираниот мултидисциплинарен пристап, кој ги покрива сите нивоа на ланецот на храната.

Самиот проект се состои од следните компоненти:

  1. Административно и институционално зајакнување на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фитосанитарната Управа и Државниот Земјоделски Инспекторат;
  2. Фитосанитарни мониторинг програми за здравјето кај растенијата;
  3. Подготовка за акредитација на инспекциските служби.

Планирани се бројни активности: подготовка на официјални процедури за соработка помеѓу надлежните органи за безбедност на храна, изработка на одржлив бизнис план на надлежните органи, подобрување на капацитетот на персоналот на надлежните органи, јакнење на капацитетите во областа на анализа на ризикот, комуникација и управување со ризикот, активности за јакнење на фитосанитарната контрола и подобрување на вештините на персоналот за спроведување на официјални контроли, изготвување на план и постапки со кои инспекциските служби ќе се подготват за акредитација според стандардот EN 45004 .


Овој договор за услуги е имплементиран од страна на NIRAS IC Sp.z o.o. во конзорциум со AGROTEC S.p.A., AETS и Државниот инспекторат за здравствена заштита на растенија и саден материјал од Р.Полска. Самата имплементација се одвиваше од јануари 2014- 2016 година. 

 

Проектно фише IPA 2009

EN:Vacancy Announcement  Junior Expert on Legislation (Animal Health)