Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржан вториот состанок на Управниот Комитет

15.11.2019
Одржан вториот состанок на Управниот Комитет

На 08.11.2019 година,  во просториите на Агенцијата за храна и ветеринартсво се одржа вториот состанок на Управниот Комитет на проектот ,,Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи“ чија цел е зајакнување на постоечките системи на надлежните институции и подигнување на свеста на јавноста, со цел да се подобри здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјата.

На состанокот беа присутни претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за земјоделство - фитосанитарна инспекција, Фитосанитарната управа и Државната фитосанитарна лабораторија како главни корисници на проектот и преставници од Делегацијата на ЕУ која е договорен орган за спроведување на проектот и претставници од конзорциумот, имплементатор на проектот.

Тема на состанокот беше презентација на времените проектни извештаи за прериодот март 2019 - октомври 2019, проектните активности спроведени во текот на тој период, планираните активности во текот на следниот квартален период и временската рамка предвидена за нивна реализација. Дополнително, беа идентификувани и критичните точки и предизвиците за понатамошно спроведување на проектот и предложени дополнителни активности и препораки за нивно решавање.

 

Одржан вториот состанок на Управниот Комитет

 

Членовите на Комитетот дадоа свои коментари и забелешки во однос на досегашните спроведени активности како и забелешки и предлози за понатамошните активности со цел проектот да се движи во соодветна насока и да се осигура дека ќе бидат исполнети и реализирани сите предвидени активности согласно Проектната задача.

Беше дадена препорака до Договорниот Орган за одобрување на презентираните извештаи.

Следниот состанок на Управниот Комитет е предвидено да се одржи во мај 2020 година, кога ќе бидат презентирани следниот времен извештај и активностите реализирани во текот на тој период.
 

Ознаки
Категорија