Стручни лица од Агенција за храна и ветеринарство, денес одржаа едукативна работилница со одговорните лица на добиточните пазари на која им беа презентирани законските обврски за уредување на пазарите, начините на евидентирање на влезот и излезот на животните во пазарите и внесување на податоците за движење на животните во Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство.
На учесниците на работилницата, поделени им беа упатства за работа и информативни брошури за постапката за евидентирање на животните, а детално беше објаснето и кои документи треба да ги поседуваат сопствениците и превозниците на животни при движење на животните кон добиточните пазари.
Тие се запознаа и со законските и подзаконските акти за заштита на животните, одредбите од Правилникот за заштита и благосостојба на животните за време на превоз, како и за обврската на добиточните пазари за обука на вработените за благосостојба на животните.