Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Мај 2018

Одделение за проценка на ризик

Одделението за проценка на ризик врз основа на базата на податоци од земените мостри прави проценка на ризик за поодделни видови на храна или причинители како и изработува едукативни лифлети со информации за потрошувачите за поодделни видови на храна и лоцирани ризици како и информации и упатства за инспекторите.

Одделение за храна произведена со иновирани технологии и јонизирачко зрачење

Одделение за храна произведена со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење и други видови храна

Одделението за храна произведена со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење и други видови храна во рамки на Секторот за нови прехранбени технологии е организирано со цел да врши одобрување на храна или состојки на храна произведени со иновирани технологии, храна третирана со јонизирачко зрачење, природни минерални води, изворски води и пакувани води кои за прв пат се ставаат на пазарот на Република Северна Македонија, а кои поради своите специфи

Одделение за генетски модифицирана храна

Одделението за генетски модифицирана храна во рамки на Секторот за нови прехранбени технологии е надлежно за подготовка на легислатива и мониторинг планови за контрола на храната која содржи или е составена од генетски модифицирани организми.

Согласно организацијата и систематизација на надлежностите, ова одделение е задолжено за континуирано следење на европската легислатива за ГМО храната и предлагање соодветни измени во националната легислатива согласно Законот за безбедност на храната.

Одделение за стратешко планирање

Стратешкото планирањее процес што се спроведува во среднорочна тригодишна рамка, што значи дека институцијата подготвува план во кој се одразени приоритетите, целите и програмите во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонијаи утврдува потребните средства за реализација на приоритетите преку буџетскиот процес за наредните три години. Едноставно речено,стратешкото планирање претставува стратешки, плански и дисциплиниран процес за донесување на темелни одлуки.

 

Одделение за заштита на потрошувачи

Одделението за заштита на потрошувачи е воспоставено во системот за безбедност на храна во 2007 година, со цел унапредување на политиката за заштита на потрошувачите во областа на храната и зголемување на довербата на граѓаните во овој систем. Од тогаш ова одделение станува и дел од системот за заштита на потрошувачи во државата.

 

Одделение за контрола и координација на лаборатории

Лабораториските испитувања претставуваат важен дел од контролните системи на Агенцијата за храна и ветеринарство. Анализите се користат како доказ за исполнување на операторот/објектот на барањата во согласност со законите и прописите за безбедност на храната. Резултатите од лабораториските испитувања се исто така објективна основа за активностите на надлежниот орган преземени за да се обезбеди високо ниво на здравјето на животните и здравјето на луѓето во Република Северна Македонија.