Стратешкото планирањее процес што се спроведува во среднорочна тригодишна рамка, што значи дека институцијата подготвува план во кој се одразени приоритетите, целите и програмите во функција на остварување на стратешките приоритети на Владата на Република Северна Македонијаи утврдува потребните средства за реализација на приоритетите преку буџетскиот процес за наредните три години. Едноставно речено,стратешкото планирање претставува стратешки, плански и дисциплиниран процес за донесување на темелни одлуки.
Одделението за стратешко планирање на систематски и структуриран начин ги анализира, планира, следи и евалуираанадлежностите и обврските на институцијата, предностите и недостатоците,опкружувањето, развојот, политиките и програмите во соодветната област и резултатите од предвидените програми.
Фокусот еставен на постигнатите резултати. Значи, успешноста на работењето на Агенцијата за храна и ветеринарство се мери не само преку потрошените ресурси, туку и според тоа далипостигнатите резултати ја подобриле состојбата во областа за која е надлежна.
Постапки за подготовка на стратешкиот план се: дефинирање на мисија и визија, спроведување на SWOT, PEST и функционалнаанализа, поставување цели одредаување приоритети, подготовка на стратешки план вклучувајќи ги и планот за спроведување и планот за следење,грижаза навремено остварување на мерките, воспоставање на врските помеѓу Стратешкиот план и НПАА, Годишната програма за работа на Владата и Буџетот на Република Северна Македонија
Клучни законски акти и документи кои го дефинираат процесот се:
- Закон за Влада на РСМ;
- Закон за буџети;
- Деловник за работа на Влада на РСМ;
- Методологија за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма за работа на Владата на РСМ;
- Методологија за измени и дополнувања на Методологијата за стратешко планирање и подготвување на Годишната програма за работа на Владата на РСМ;
- Упатството за формата, содржината и начинот на подготвување на стратешките планови на министерствата и другите органи на државната управа;
Генералeн Секретаријат [врска]