Лабораториските испитувања претставуваат важен дел од контролните системи на Агенцијата за храна и ветеринарство. Анализите се користат како доказ за исполнување на операторот/објектот на барањата во согласност со законите и прописите за безбедност на храната. Резултатите од лабораториските испитувања се исто така објективна основа за активностите на надлежниот орган преземени за да се обезбеди високо ниво на здравјето на животните и здравјето на луѓето во Република Северна Македонија.
Секторот за стручна поддршка Одделение за координација и контрола на лаборатории е одговорна да обезбедува лабораториска поддршка за предвидените лабораториски анализи кои ги користат контролните структури на Агенцијата.
Со планираните активности се обезбедува повисоко ниво на соработка со лабораториите од областа на безбедноста на храна и ветеринарно здравство инволвирани во контролниот и мониторинг систем на АХВ
- Координација и контрола на работата на лабораториите и евиденција на акредитираните методи за испитување на храната.
- Следење на податоците во веб страната на Институтот за акредитација на РМ, за новите акредитирани аналитички методи за испитување на храната, храната за животни и методи за испитување во областа на ветеринарно здравство во овластените лаборатории во РМ.
- Следење на податоците за акредитирани методи во референтните лаборатории во Европските земји за испитување на храната, храната за животни и методи за испитување во областа на ветеринарно здравство.
- Ажурирање на дата база на акредитирани микробиолошки, хемиски аналитички методи за испитување на храната, храната за животни и методи за испитување во областа на ветеринарно здравство.
- Комуникација со овластените акредитирани лаборатории за испитување на храна во РМ. Комуникацијата со лабораториите се одвива со дописи, по електронски пат и телефон. Прибираните информации се евидентираат.
- Подготвување на информации за потребите на секторот за стручна поддршка и во врска со акредитираните методи и доставените лабораториски резултати, евалвирање и проследување на истите.
Следење на податоците во веб страната на Институтот за акредитација на РМ, за новите акредитирани аналитички методи за испитување на храната, храната за животни и методи за испитување во областа на ветеринарно здравство во овластените лаборатории во РМ.
Информации за акредитирани лаборатории во областа на безбедност на храната и ветринарна област, со опсегот на акредитирани методи се изложени на веб страната на Институт за акредитација на Република Северна Македонија – [врска]