Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Мај 2018

Сектор за инспекциски надзор

Секторот за инспекциски надзор учествува во подготовка на закони и под законски акти, програми и други акти од областа на ветеринарството, безбедноста на храна и материјали кои доаѓаат во контакт со храна и храната за исхрана на животни, врши стручна соработка и размена на информации меѓу останатите сектори и одделенијана Агенцијата, се грижи за ажурирање на евиденцијата за извршените работи од ветеринарните инспектори и државните инспектори за храна на граничните премини и учествува и спроведува активности на меѓународно ниво во врска со потребите на Секторот.

Сектор за ЕУ и меѓународна соработка

Секторот за ЕУ и меѓународна соработка (СЕУМС) е надлежен за координирање и раководење на процесот на ЕУ интеграции во областа на Поглавјето 12 - безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, како и за развивање и обединување на политиките поврзани со процесот на усогласувањето на националното законодавство кон законодавството на Европската унија, подготвка на извештаи за напредокот во евроинтеграциите во областа на Поглавјето 12, подготовка на активности за преговорите со ЕУ.

Уништени небезбедните пирошки кои предизвикаа труење во штип и кочанско

03.05.2018
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, пирошки, јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство. Спроведената истрага утврди дека небезбедните пирошки кои предизвикаа дополнителни труења со храна, по Штип и во Кочанско, се произведувале нелегално, во домашни услови, во објект кој се наоѓал непосредно над операторот со храна ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ од Кочани кој на 25 април

Барање за регистрација на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло

8.а.Барање за регистрација на објекти и оператори со храна од неживотинско потекло

Рок за постапување – 15 дена

Такса - 400,00 денари

Одговорни лица: Подрачна единица на Агенција за храна и ветеринарство

Потребна документација тука