Одделение за државна инспекција на граничен премин за храна од неживотинско потекло
Одделениeто за државна инспекција на граничен премин за храна од неживотинско потекло ги врши следните работи:
- контрола на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната при увоз;
- контрола на документацијата на храната и на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната при увоз;
- води евиденција на податоците во однос на безбедноста на храната од увоз;
- издава решенија за увоз на храна и на производи и материјали што доаѓаат во контакт со храната при увоз.