Одделението има активности за континуирано постапување по барања за одобрување за ставање во промет на материјали и производи што доаѓаат во контакт со храна и контрола на ставање во промет со цел имплементација на прописите од оваа област.
Согласно измените на европската легислатива, Одделението учествува во изработката на под законски акти од горенаведената област.
Заради комплексноста на материјата со која работи одделението соработува и со други институции како што се Факултетот за технолошки науки, Факултетот за земјоделски науки и храна и други институции.
Обврски на операторот со храна од неживотинско потекло
Операторот со храна од неживотинско потекло поднесува:
- барање за издавање авторизација, мислење или одобрение на супстанции, машини за преработка технолошки процеси, процеси на рециклирање или материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна;
- изјава за усогласеност пополнета од страна на операторот со храна;
- изјава за усогласеност на производот или материјалот согласно Европските Регулативи издаден од страна на производителот;
- лабораториски испитувања во зависност од материјалот на производот;
Легислатива
- Правилникот за посебните барања за безбедностна пластичните материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната("Службен весник на РСМ, бр.206 од 03.09.2021) [врска]
- Правилник за општите барања за безбедност на материјалите и производите што доаѓаат во контакт со храната („Службен весник на РМ“ бр. 160/12) [врска];
- Правилник за посебните барања за безбедност на пластични материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната („Службен весник на РМ“ бр. 144/13) [врска];
- Правилник за посебните барања за безбедност на керамичките производи што доаѓаат во контакт со храната („Службен весник на РМ“ бр. 1/13) [врска];
- Правилник за посебните барања за безбедност на индивидуални супстанции или групи на супстанции што доаѓаат во контакт со храната N-нитрозамини и на супстанциите кои се трансформираат во N-нитрозамини и се испуштаат од цуцли и од цуцли лажалки од еластомер или од гума („Службен весник на РМ“ бр. 1/13) [врска];
- Правилник за посебните барања за безбедност на производите и материјалите што доаѓаат во контакт со храната направени од филм регенерирана целулоза („Службен весник на РМ“ бр. 147/14) [врска];
- Правилник за посебните барања за безбедност на активните и интелегентни материјали и производи што доаѓаат во контакт со храната („Службен весник на РМ“ бр. 64/14) [врска];
- Решение за проверка и преглед на пратки пластичен кујнски прибор од полиамид и меламин кои потекнуваат или се испорачани од Кина и Хонг Конг при увоз во РМ („Службен весник на РМ“ бр. 195/14.) [врска];
Во одделението се води и електронски регистар на одобрени материјали и производи кои доаѓаат во контакт со храна за интерна потреба на одделението и Секторот.