Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Со одржување на едукативна работилница за одговорно сопствеништво во петокот, од Берово, почна реализацијата на петтата фаза од регионалната кампања “Биди неговиот херој”. Кампањата со поддршка на Светската организација за здравствена заштита на животните - ОИЕ, партнерски ја реализираат Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина.
Потпишан договор со Србија за признавање на лабораториските испитувања
Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија продолжува да ја зајакнува соработката со земјите во регионот во рамки на своите надлежности. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, потпиша Договор за соработка во областа на ветеринарната политика и безбедноста на храната со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, како основа за развивање и унапредување на овие области во двете земји.
Официјализирана соработката и со Агенцијата за храна на Бугарија
Воспоставување на техничка и административна соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарната политика, размена на информации и зајакнување на капацитетите на претставниците од академската и научната заедница со организирање на едукативни и научни настани за размена на идеи и искуства, договорија денес во Софија, Република Бугарија, првите луѓе на македонската Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов и проф. д-р Паскал Желјазков, од бугарската Агенција за безбедност на храната.