Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Делегација на АХВ оддаде почит на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски
Во рамки на одбележувањето на 8 Септември, Ден на независноста на Република Северна Македонија, како дел од Владината делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, на чело со директорот Зоран Атанасов, денес, на Градските гробишта Бутел во Скопје, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечните почивалишта на порнашените претседатели на државата - Киро Глигоров и Борис Трајковски.
Северна Македонија го зајакнува капацитетот за подобрa вклученoст во Кодекс алиментариус
Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Кодекс Алиментариус аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Кодекс алиментариус од областа на безбедностa на храната, меѓу кои и Министерството за здравство, преку Институт за Јавно здравје на Република Северна Македонија (РСМ), Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во нашаата земја и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО).
Во јули спроведени 5.904 инспекциски контроли
Над 16 тони храна од животинско и неживотинско потекло била уништена минатиот месец како небезбедна, во рамки на 5.904 контроли, кои во јули годинава ги спровеле инспекторите за храна и официјалните ветеринари при Агенцијата за храна и ветеринарство. Најголемиот дел од небезбедната храна, односно 16.039 килограми, била уништена од самите оператори со храна.