Агенцијата за храна и ветеринарство Ве информира дека Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) објави јавен повик за изразување интерес за упатување на национален експерт (Seconded National Expert – SNE) за поддршка на имплементацијата на Акцијата во рамките на Инструментот за претпристапна помош (IPA) 2026–2029 за земјите од Западен Балкан и Турција.
Повикот е наменет за експерти вработени во јавни институции или еквивалентни јавни тела од земјите кориснички на IPA, кои имаат искуство во координација на програми и проекти, институционална соработка и добро познавање на политиките и институциите на Европската Унија, особено во областите на безбедност на храната, јавното здравје, земјоделството и сродните регулаторни области.
Избраниот национален експерт ќе биде ангажиран во координацијата и спроведувањето на работниот план на EFSA во рамките на IPA програмата, како и во зајакнувањето на соработката помеѓу EFSA и институциите од земјите кориснички на програмата.
Заинтересираните кандидати треба да го достават својот Изјава за интерес (Expression of Interest) преку официјалниот систем за регрутација на EFSA, во согласност со условите наведени во повикот. Воедно, Националниот координатор/Националниот помошен координатор треба да ја извести EFSA за предложените кандидати најдоцна до 18 септември 2026 година (крај на работниот ден).
Повикот претставува постапка за формирање база на квалификувани експерти, по што кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат поканети на интервју, планирано за октомври 2026 година. Почетокот на упатувањето е предвиден најдоцна до јануари 2027 година.
Рок за пријавување: 18 септември 2026 година (крај на работниот ден).
Официјалниот текст на повикот, условите за упатување на национални експерти и информациите за начинот на пријавување се достапни во прилог на оваа порака.
Со почит,