Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Според ЕФСА и недоволно зготвениот грав може да претставува здравствен ризик

12.02.2026
Агенција за храна и ветеринарство

Изложеноста на потрошувачите на лектини во недоволно зготвен грав може да претставува здравствен ризик, заклучи Европската агенција за безбедност на храната – ЕФСА по направената проценка за ризикот по јавното здравје поврзан со присуството на лектини во храната. Проценката е направена на барање на Европската комисија, во контекст на болестите кои се пренесуваат преку храна, а се поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешункасти плодови од страна на потрошувачите, најголем дел од оние кои користат диети базирани на сирови или минимално зготвени растенија. Лектините се група протеини кои се природно присутни во многу растенија, како што се мешунките, житарките и зеленчукот. Тие ги штитат растенијата од штетници и болести. Повеќето лектини се безопасни, но, некои, главно оние што се наоѓаат во сирови мешунки, можат да предизвикаат гастроинтестинални симптоми, а имаат влијание и врз имунолошкиот систем.

Според проценката на Панелот за контаминанти во синџирот на исхрана на ЕФСА, направена врз основа на евалуација на потенцијалната штета предизвикана од лектинoт фитоемаглутинин (PHA) кој се наоѓа во гравот и е најтоксичниот лектин меѓу најчесто консумираните јадливи растенија, како и со проценка на изложеноста на потрошувачите на него, гравот кој не е доволно зготвен претставува здравствен ризик за луѓето од сите возрасни групи. Лектинoт фитоемаглутинин (PHA) ако уште е присутен во активната форма може да предизвика гадење, повраќање, болка во стомакот и дијареја, како симптоми поврзани со консумирање сирови или недоволно зготвени мешунки. Врз основа на спроведени студии на животни, научниците го сметаат[СП1]  ефектот на PHA врз тенкото црево како најкритичен здравствен ефект.

За да ги избегнат потенцијалните здравствени ризици, согласно проценката на ЕФСА, најефективен начин за намалување на поголемиот дел од лектините во мешунките е нивно потопување во вода од 6 до 12 часа додека не омекнат, потоа менување на водата и варење најмалку половина час на 100° C. Бидејќи времето на подготовка зависи од видот на мешунките, препорачливо е тие да се готват се додека не станат меки. Други домашни методи на готвење, како што се готвење на пареа, во микробранова печка и печење, според ЕФСА се помалку ефикасни.

 

 [СП1]Сметаат?

Категорија