Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари

Успешно спроведена обука на EFSA „Проценка на ризик од А до Ш“

17.06.2025
Успешно спроведена обука на EFSA „Проценка на ризик од А до Ш“

Агенцијата за храна и ветеринарство во периодот 11-12 јуни 2025 година беше коорганизатор заедно со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА) на последниот тренинг курс - обука за проценка на ризик од А до Ш - Работилница 3, што се одржа во просториите на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Истата се одржа согласно подготвителните мерки за учество на корисниците на ИПА во Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА) 2023 – 2026 – ИПА III компонентата - Програма за обука за проценка на ризик. На истата учество зедоа учесници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија и Турција.

Фокусот на обуката беа основните принципи за проценка на ризик, методологиите за собирање податоци и проценката на изложеноста, вклучувајќи ја важноста од земање предвид на родот и критичните/ранливите групи. На работилницата беа разгледани повеќе области, меѓу кои проценка на ризик со ограничени податоци, употреба на микробиолошки дијагностички алатки во микробиолошка проценка на ризик, Европската рамка/организација за проценка на ризик, нови трендови во проценката на ризикот, како и нови ризици/нови извори на храна (хемиски, како и микробиолошки).

 

1

 

Главната цел на програмата за обука за проценка на ризик од А до Ш е да обучи експерти со научна позадина и интерес за проценка на ризикот од безбедноста на храната и храната за животни од предпристапните земји, со цел да ги прошират своите теоретски знаења и практични вештини за принципите и методите на проценка на ризик.

 

2

 

Оваа програма им обезбеди на експертите од ИПА земјите непроценливи сознанија за микробиолошката и хемиската проценка на изложеноста, карактеризацијата на ризикот и неодреденоста во проценката на ризикот. Оваа иницијатива претставува значајна пресвртница во колективните напори за зајакнување на системите за безбедност на храната во земјите аспиранти за влез во Европската Унија и значат поттикнување на долгорочни партнерства во насока на унапредување на институционалната подготвеност и зајакнување на капацитетот за управување со ризиците за безбедност на храната со поддршка на ЕФСА.

 

3

 

Агенцијата за храна и ветеринарство како Национална контакт точка за Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА) уште еднаш докажа дека се наоѓа на првото место од предпристапните земји во однос на имплементацијата на европската легислатива и собирање на податоци во различните научни мрежи на ЕФСА.

 

4
Ознаки
Категорија