Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Јавен повик на ЕФСА за членство во Научните панели и Научниот комитет

05.04.2023
efsa

Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) објавува јавен повик за членство во научните панели и научниот комитет. Повикот е отворен до 17 април 2023 година.

Научниот комитет и научните панели на ЕФСА се одговорни за изготвување на научни мислења и совети на ЕФСА и кои служат како поддршка на менаџерите за ризик при донесувањето одлуки и претставуваат солидна основа на европските политики. Научните совети на ЕФСА се резултат на работата на експерти, во соработка со националните и меѓународни партнери, како и преку отворен дијалог со општеството. Тоа придонесува за заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, како и на животната средина.

Јавниот повик е упатен до научниците кои сакаат да бидат земени предвид за членство или во Научниот комитет (SC) или во еден од десетте (10) научни панели на EFSA, имено: здравствена заштита и благосостојба на животните (AHAW), Биолошки опасности (BIOHAZ), Контаминенти во синџирот на исхрана (CONTAM), Адитиви и производи или супстанци кои се користат во храната за животни (FEEDAP), Генетски модифицирани организми (ГМО), Исхрана, Храна произведена со иновирани технологии и алергени во храна (NDA), Здравје на растенијата (PLH), Производи за заштита на растенија и нивни резидуи ( PPR), Прехранбени адитиви и ароми (FAF), Материјали во контакт со храна, ензими и помошни техничко-технолошки средства (CEP).

Членовите на Научниот комитет и Научните панели на ЕФСА се именуваат со мандат од пет (5) години.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови на крајниот датум на поднесување на апликацијата:

  • Универзитетско образование во област релевантна за работата на Научниот комитет/панели на ЕФСА;
  • Најмалку 7 години релевантно работно искуство;
  • Искуство во научна проценка;
  • Искуство во ревизија на научна работа;
  • Научни публикации/проценки во последните 5 години;
  • Познавање на англиски јазик.

Повеќе информации за јавниот повик се достапни на следниот линк:

https://careers.efsa.europa.eu/jobs/call-for-expressions-of-interest-for-membership-of-the-scientific-panels-and-the-scientific-committee-of-efsa-2023-344

Ознаки
Категорија