Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

ЕФСА изврши евалуација на соодветноста на постојните упатства за микробиолошка карактеризација и проценка на ризик по животната средина од микроорганизми добиени преку синтетичка биологија

29.10.2020
ЕФСА изврши евалуација на соодветноста на постојните упатства за микробиолошка карактеризација и проценка на ризик по животната средина од микроорганизми добиени преку синтетичка биологија

На барање на Европската комисија, Европската Агенција забезбедност на храна (ЕФСА) изготви мислење за влијанието кое примената на синтетичка биологија при производство на земјоделски производи би го имала во блиска иднина, како и тоа, дали дали примената на оваа технологија се очекува да претставува потенцијален ризик и опасност за животната средина. Покрај тоа, од ЕФСА беше побарано да направи проценка на соодветноста на постојните упатства за проценка на ризик и по потреба да извши ажурирање на истите.

Со ова мислење се опфатени одржливите микроорганизми добиени со синтетичка биологија (SynBioMѕ) кои се очекува намерно да бидат ослободени во животната средина. Евалуацијата се заснова на:

  • „Скенирање на хоризонтот“ (horizon scanning) - скенирање преку техника за откривање на рани знаци на потенцијално важни случувања преку систематско испитување на потенцијалните закани и можности
  • Гап анализа на постојните упатства во рамки на опсегот на ова мислење 
  • Идни перспективи. 

Техниката „скенирање на хоризонтот“ покажа дека микроорганизмите добиени со синтетичка биологија (SynBioMѕ) можат да бидат подготвени за намерно ослободување во животната средина на ЕУ во текот на следнатата деценија. Сепак, значително изменети SynBioM се очекуваат само во подалечна иднина.

Како основа за микобиолошка карактеризација и проценка на ризикот врз животната средина, користени се постојните упатства на ЕФСА. Степенот до кој може да се користат постојните упатства зависи од сличноста  на SynBioM со не-модифицираните организми.

Меѓу препораките за ажурирање на упатство, опсегот на употреба на производи што треба да биде предмет на проценката ги опфаќа сите употреби на земјоделски производи и храна и земајќи ги во предвид сите видови микроорганизми, нивните релевантни патишта на изложеност и околината.

Се предлага новите упатства на ЕФСА да ги опфатат сите „специфични области на ризик“ согласно Директивата 2001/18/EК. Не се очекуваат нови опасности по животната средина од микроорганизмите добиени со синтетичка биологија (SynBioMѕ), сега и во блиска иднина. Сепак, ефикасноста со која SynBioM-овите комуницираат со животната средина може да се смени. Ова може да доведе до зголемена изложеност и ризик. Нови опасности поврзани со развојот на ксенобионти може да се очекуваат во подалечна иднина.

Целиот текст на мислењето на ЕФСА може да се прочита на следниот линк:
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/epdf/10.2903/j.efsa.2020.6263

Ознаки
Категорија