Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
АХВ ќе ја продлабочи соработката на полето на здравствената заштита и ветеринарните препарати и со Република Италија
На маргините на 86 -тото Генерално собрание на Светската организција за здравствена заштита на животните - ОИЕ , кое годинава се одржува од 20 - 25 мај во Париз, Франција, директорот на Агенцијата за храна и ветеринартво, др Зоран Атанасов, како што беше претходно најавено, одржа билатерална средба со генералниот директор на Директоратот за здравствена заштита на животните и ветеринарни препарати при Министерството за здравство на Република Италија, г-дин Силвио Борело.
Европските основи за надзор на употребата на ветеринарно медицинските препарати дел од националното законодавство
Начини на следливост, надзор и контрола на употребата на ветеринарно медицинските препарати и дефинирање на чекорите на постапката за пријавување на евентуална појава на несакани дејства од нивна употреба, се дел од темите на кои дискутираа официјалните ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од научните институции и ветеринарните друштва, во рамки на дводневната работилница ,,Надзор на употребата на ветеринарно медицински препарати,, која изминативе два дена се одржа во рамки на твининг проектот за јакнење на капацитетите во Агенцијата за храна и ветеринарство, во делот на здравствена заштита на животните, кој се реализира со поддршка на Европската Унија.
Забрана за увоз на пилешко и говедско месо од одредени објекти од Бразил
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со дипломатското преставништво на Република Северна Македонија во Бразил за наведеното ја извести Стопанската комора на Република Северна Македонија со допис од 26.04.2018 година, со цел да се известат фирмите кои увезуваат пилешко и говедско месо од Бразил за можноста од појава на внесување на небезбедно месо.
Производство и пласман на традиционална храна, ексклузивно и наше наместо масовно производство
Претставување на генералната замисла и на проектот „Од нива до маса“ како и размена на искустава и идеи беа во фокус на денешната средба помеѓу директорот на Агенција зёа храна и ветеринарство Зоран Атанасов и претставници на меѓународната, не-профитна организација Слоу Фуд (Slow food). Искуствата кажуваат дека странските експерти и професори од областа на здравата храна, земјоделството и технологиите на производство се пријатно изненадени од потенцијалот на домашните производи, особено од автохтоните млечни специјалитети.