Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Заврши симулациската вежба за справување со болеста Лигавка и шап

06.12.2018
Заврши симулациската вежба за справување со болеста Лигавка и шап

Со поддршка на Европска комисија за контрола на болеста лигавка и шап (ЕуФМД) при Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, Агенцијата за храна и ветеринарство денес, во Струмица, успешно ја реализира Симулациската вежба за лигавка и шап.Преку теоретскиот и практичниот дел од вежбата кој се реализираше на краварска фарма, со помош на експерт од ЕуФМД, стручни лица од секторите за инспекциски надзор, за здравствена заштита и благосостојба на животните, официјални ветеринари, претставници од лабораторијата при Факултетот за ветеринарна медицина, од македонската ветеринарна комора и од ветеринарните друштва, извршија тестирање на и зајакнување на воспоставениот систем и мерките за контрола и справување со болеста Лигавка и шап. Во рамки на практичниот дел од важбата разгледани беа мерките кои се преземаат од страна на официјалните лица при евентуална

АХВпојава на болеста. Се вежбаше клинички преглед на животните, земање, пакување и транспорт на мостри, а се контролираа и критериумите за спроведување на депопулација на фармите ( убивање и нештетно отстранување на убиените животни), како дел од мерките за справување со оваа болест. На симулациската вежба, акцент беше ставен и на спроведувањето на епидемиолошка истрага и комуникација на надлежните ветеринарни власти со лабораториите.

Преку реализација вежбата, Агенцијата за храна и ветеринарство изврши проверка на оперативноста на националниот план за справување со оваа болест, детектирајќи ги слабостите и недостаоците и креирајќи мерки за нивно надминување и обезбедување на ефикасен систем на превенција, контрола и висок степен на заштита.

АХВРепублика Северна Македонија преку оваа вежба се вброи во пилот земјите каде се спроведуваат ваков тип на симулациски вежби, како дел од активностите на таканаречената Патека на подготвеност за следење на болеста која ја реализира ЕуФМД.

Категорија