Над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земјоделци, денес ги промовира домашните земјоделски производи на настанот „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ што се одржа во паркот Авионче во Ново Лисиче.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од 29 до 31 октомври, спроведоа вонредни инспекциски надзори во 41 домови за стари лица во земјава...
Со лабораториски наод од Националниот институт за храна и ветеринарство при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ) од 28.10.2024 година, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), потврди нов случај на болеста високо патогена авијарна инфлуенца H5N1 (птичји грип) кај 1 угината дива птица – гуска во резиденцијалниот комплекс Свети Јован во скопско Злокуќани.
Агенцијата за храна и ветеринарство денеска во Прилеп одржа работен состанок за превенција од болеста чума кај малите преживари, конкретно кај козите и овците, со претставници од инспекциските служби, Дирекцијата за заштита и спасување, локалната заедница, стопанските субјекти и претставници од граничната полиција.
Во организација на ФАО на 6 ноември 2024 година ќе се одржи технички семинар на тема „Вештачка интелигенција (ВИ) за безбедност на храната“. Настанот што ќе се одржи во хибриден формат има за цел да ја истражи моменталната состојба на технологијата што брзо се развива, нејзините придобивки и недостатоци.
Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известување за небезбедна храна и храна за животни (RASSF) дека на македонскиот пазар е пласиран небезбеден безалкохолен пијалак.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни - RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно се вклучи во симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес - „Хуманитарен одговор 2023”, која денес се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.