Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Европската унија ја стави Република Северна Македонија на листата на трети земји одобрени за извоз на конзумни јајца на пазарите во Унија. Од страна на Европската комисија одлуката е донесена во почетокот на годинава, кога е одобрен и планот на Република Северна Македонија за контрола на Салмонела кај кокошките несилки.
Успешно заокружен проект '' Градење на капацитетите на надлежните институции за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика ''
Современо водење и управување на службите за безбедност на храната, ветеринарната и фитосанитарната политика, како и изготвување на голем број имплементивни документи, прирачници и контролни листови за подобрување и унифицирање на работата на инспекциските служби се дел од спроведените активности од проектот „Јакнење на институционалните капацитети за безбедност на храната и фитосанитарната политика“.
Сопствениците на зајаци, глувци и глодари да пријават сомнеж за туларемија кај надлежниот ветеринар
Првите симптоми кај луѓето кои вообичаено настапуваат за 3 – 5 дена се ненадејна треска и грозница, отечени и болни жлезди, главоболка, повраќање и дијареа, болки во мускулите и зглобовите, сува кашлица, малаксаност. Може да се јават и рани по кожата и устата, воспалено грло, отеченост и болка на очите или на жлездите на вратот како и под пазувните жлезди.
Мигрантите добиваат безбедна хуманитарна помош во храна
Агенцијата за храна и ветеринарство е во постојана, секојдневна комуникација и координација со Центарот за управување со кризи и ресорните министерства за здравство, за внатрешни и надворешни работи, со Царинската управа на Македонија и другите надлежни институции, како и со невладините организации вклучени во давање помош и делење на хуманитарна помош во храна за мигрантите.