Новости и активности

ПОДОБРЕНА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА

НА ЗДРАВЈЕТО НА ЖИВОТНИТЕ, БЕЗБЕДНОСТА НА ХРАНАТА И ФИТОСАНИТАРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО И СООДВЕТНИТЕ ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМИ

ЗА НАС

Проектот “Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи” започна на 14-ти јануари 2019 година и ќе се спроведува во период од 24 месеци.

Главна цел на проектот е заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата, со цел подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско – прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар. Со проектот ќе се зајакнат постоечките системи на надлежните институции и ќе се преземат активности за подигнување на јавната свест, со цел подобрување на здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјава.

Главни корисници и партнери на проектот се Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Фитосанитарната управа; Управата за семе и саден материјал; Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство.

ПРОЕКТОТ Е ИМПЛЕМЕНТИРАН ОД КОНЗОРЦИУМ ПРЕДВОДЕН ОД AGRICONSULTING EUROPE S.A.

Според планираното, со овој проект треба да се постигнат шест главни резултати:

  • Транспонирање на ново усвоеното клучно законодавство на ЕУ во областа на ветеринарството и безбедноста на храната и негово ефикасно спроведување на национално ниво;
  • Зајакнување на капацитетот во однос на безбедноста на храната;
  • Надградување и подобрување на сегашниот ИТ систем во АХВ;
  • Спроведување на кампањи за подигнување на јавната свест за здравјето на животните, јавното здравје и здравјето на растенијата во земјава;
  • Планирање, развој и имплементација на Фитосанитарниот информативен систем;
  • Понатамошен развој и зајакнување на капацитетите на надлежните органи во фитосанитарниот сектор.

Новости и активности

22.09.2020

Во рамките на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи финансиран од ЕУ,беше подготвена Комуникациска стратеги

>>
11.08.2020

На 10 и 11 август се одржа дводневна работилница каде беше презентиран и разгледуван нацрт Законот за вршење на официјални контроли.

>>
01.04.2020

Со помош на Активноста 6.5.1 од проектот ИПА 2015 г.

>>
01.04.2020

Во рамките на Активноста 6.2.1од проектот ИПА 2015 година Подготовка на проценка на ризик од штетници и утврдување на превентивни мерки што треба да се преземат против ширење на штетници работната група за здравје на растенија дискутираше за неколку ин

>>
01.03.2020

Врз основа на Активноста 6.1.1 од проектот ИПА 2015 година  „Ажурирање на здравствениот статус на растенијата во земјата“, во моментов се разгледува усвоеното законодавство, за да се усогласи со законодавството на ЕУ барем во еден дел, со кој се регули

>>