Кампања за подигнување на јавна свест за здравје на растенијата и одржлива употреба на производи за заштита на растенија

Растенијата сочинуваат 80 проценти од храната што ја јадеме и поголемиот дел од добиточната храна. Сепак, тие се под постојан напад од штетници, при што ФАО проценува дека на глобално ниво секоја година, се уништуваат до 40 проценти од земјоделските култури.

Фактори како климатските промени, глобализацијата на трговијата и туризмот ги влошуваат работите. Затоа Обединетите нации ја прогласија 2020 година за Меѓународна година на здравјето на растенијата (IYPH):

  • да се подигне свеста за тоа како заштитата на здравјето на растенијата може да помогне да се стави крај на гладот
  • да се намали сиромаштијата
  • да се заштити животната средина
  • да се зајакне економскиот развој и
  • да се придонесе кон постигнување на целите ОН за одржлив развој.