
Во рамките на проектот, на 12 и 13 ноември 2020 во просториите на МЗШВ беше одржана дводневна работилница на тема: Здравје на растенија - процена на ризик од штетници и планови за итни мерки.
На работилницата онлајн учество земаа претставници од МЗШВ, Државниот инспекторат за земјоделство, интернационални и локални проектни експерти, Државната фитосанитарна лабораторија и Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.
