Почна кампањата за благосостојба на работните коњи

22.09.2020 | Почна кампањата за благосостојба на работните коњи

Во рамките на проектот Подобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарното законодавство и соодветните информативни системи финансиран од ЕУ,беше подготвена Комуникациска стратегија и кампања за подигнување на јавната свест за заштита и благосотојба на работни коњи.

 

Агенцијата за храна и ветеринарство, како надлежен орган за заштитата и благосостојба на животните е посветена на обезбедување на одржливи подобрувања во благосостојбата на сите животни.

На 21 септември 2020, во АХВ беше промовиран почетокот на кампањата за благосотојба на работни коњи. Во рамки на оваа кампања изработен е промотивен видео спот и постер на Македонски, Албански и Ромски јазик, како и билборди кои ќе бидат поставени во Скопје, Тетово, Битола, Штип и Прилеп.

Кампањата има за цел да ја подигне свеста кај сопствениците на коњи кои ги користат за влеча, превоз и работа преку клучни и јасни комуникациски пораки дека благосостојбата на животните треба да е запазена.
Недоволната грижа за овие животни влијае директно на нивното здравје и работна способност. Ова може сериозно да ја загрози благосостојбата на овие животни, како и на нивните сопственици, со оглед на тоа што се користат како ресурс при генерирањето приходи.

 

состанок

 

Претставници од АХВ одржаа состанок со претставници од МВР, ЗЕЛС, Град Скопје, Оштина Шуто Оризари, Коњичкиот клуб Бравадос-Скопје, каде се дискутитираа клучните аспекти, потенцијални решенија , како и можни специфични интервенции за решавање на овој проблем.

Ова е прва фаза од долгорочната стратегија за подигнување на благосостојбата на работните коњи, каде подоцна ќе бидат вклучени и други институции и претставници од невладиниот сектор.

 

постер

Реклама македонски јазик

Реклама албански јазик

Реклама ромски јазик